Екипа Топ 5: Идеална петорка на 18. коло во Првата лига (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Прволигашката кошарка вчера се врати во етерот со пет натпревари од 18. коло во кои победи забележаа новајлијата ТФТ кој славеше против Работнички, Вардар кој стигна до многу важна победа против МЗТ Скопје 2, Академија ФМП кој забележа победа на гостувањето во Гевгелија против Кожув, Еуро Никел кој го доби маратонскиот натпревар во Битола против Пелистер и МЗТ Скопје ја покажа доминација на натпреварот против Гостивар на домашен терен.

Во идеалната петорка на колото место има за бековската линија на Еуро Никел која одигра одличен натпревар против лидерот на табелата. Дарко Соколов беше еден од предводниците на „сино-белите“ со 19 поени, 9 скока и 6 асистенции, а згора на тоа искусниот кошаркар промаши само еден обид за два поени (8/9). Кавадарчани имаа и одлична помош од клупата каде во главен фокус беше Јане Петровски кој натпреварот го заврши со шут 5/6 за три поени, со што „собра“ 17 поени, а додаде и 4 асистенции.

Одличен натпревар имаше и кошаркарот на МЗТ Скопје, Хасани Гравет. Американецот одигра еден од своите најдобри натпревари во мак-баскетот, со што беше лидер во „сино-белото“ дерби со 22 поени, 6 скока и 4 асистенции. Амир Смит повторно беше на врвот на својата задача за скопските „црно-бели“ со 17 поени и 8 скока на кои Американецот додаде и 3 блокови. Кошаркарот на Пелистер, Игор Кесар ќе добие посебно место во историјата на нашата кошарка откако „маратонскиот дуел“ во Битола го заврши со 55 одиграни минути за кои постигна 33 поени, а додаде и 7 скока.

Се вчитува...