ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на 19. коло во Првата лига (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Во 19. коло од Првата лига беа одиграни четири од предвидените шест натпревари по кои на победа се радуваа Кожув кој славеше на гостувањето против Гостивар, Акадмија ФМП која ја продолжи победничката серија со триумф над Вардар, ТФТ кој стигна до 12. победа во сезоната на гостувањето во Аеродром против МЗТ Скопје 2, и Куманово кој го одбрани домашниот терен од лидерот на табелата Пелистер.

Идеалната петорка на колото ја сочинуваат бекот и центарот на Куманово, Отис Ливингстон и Александар Андрејевиќ кои беа предвоцните на „сино-белите“ до значајна победа. Американецот натпреварот го заврши со 28 поени на кои додаде и 6 скока и 6 асистенции, додека Србинот оствари дабл-дабл учинок од 14 поени и 11 скока.

Покрај нив место има и за Стефан Крстајиќ кој повторно блесна на паркетот, овој пат со 28 поени и 6 скока, како и за неговиот сонардоник од редовите на Кожув, Никола Силаџи кој во победата во Гостивар броеше до 18 поени, а додаде и 10 скока и 5 асистенции.

Незапирлив под обрачите беше и Амир Смит кој на новиот дабл-дабл од 19 поени и 15 скока додаде и 7 блокови.

Се вчитува...