Екипа Топ 5: Идеална петорка на 21. коло од Првата лига (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Изминатиот викенд во Првата лига беа одиграни три од предвидените шест натпревари од 21. коло по кои на победи се радуваа Еуро Никел кој го совлада Вардар на домашен терен, МЗТ Скопје 2 кој стигна до петата победа во сезоната, совладувајќи ја Академија ФМП на гостински терен и Куманово кој благодарение на речиси перфектно второ полувреме славеше против Кожув.

Во идеалната петорка на колото се најде бекот на Академија ФМП, Роналд Харис кој беше блиску до трипл-дабл учинок откако Американецот во поразот на својот тим забележа 19 поени, 12 скока и 7 асистенции. Место имаше и за Дарко Соколов кој со 20 поени, 9 скока и 5 асистенции беше еден од најзаслужните за победата на својот тим во „Јасмин“.

Американецот Диксон Дикембе со златни букви се запиша во историјата на македонската кошарка откако во поразот на својот тим забележа неверојатен 41 поен на кои додаде и 11 скока. Бранислав Џекиќ имаше клучна улога во победата на Куманово со 16 поени и 9 скока, додека до дабл-дабл стигна и Роб Монтгомери кој натпреварот во Килсеа Вода го заврши со 13 поени и 15 скока.

Се вчитува...