Екипа Топ 5: Идеална петорка на 6. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Шестото коло од Првата лига ни приреди одлични натпревари кои започнаа и завршија во СЦ „Јане Сандански“. Во нив МЗТ Скопје стигна до убедлива победа во вечното дерби против Работнички, Пелистер го надигра Куманово, ТФТ им се врати на победите со триумф над Ангели, Кожув стигна до втората победа во низа со триумф над Еуро Никел, ФМП до победата број четири откако го совлада МЗТ Скопје 2, а изненадувањето на колото го пиреди новалијата Феникс 2010 кој славеше над Гостивар откако надокнади негатива од 19 поени во последната четвртина.

Место во идеалната петорка на колото имаше за разигрувачот на „штрковите“, Кристијан Николов кој имаше „ол-ароунд“ натпревар со 8 поени, 12 скока, 8 асистенции и 2 украдени топки. Александар Костоски ги предводеше „црно-белите“ со 21 поен и реализација 5/6 за три поени, а згора на тоа дополни и 5 асистенции.

Куритс Џоунс беше еден од најзаслужните за победата на Феникс 2010 со 21 поен, 7 асистенции и 6 скока, започнувајќи го натпревар од клупата. Игор Кесар со 22 поени и 8 скока ги предводеше „зелено-белтие“, а Кирил Николовски беше енигма за кавадарчани со 28 поени, 14 скока и 3 украдени топки.

Се вчитува...