Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.
Седмото коло од Првата лига беше комплетирано со вчерашните победи на АБА-лигашите, Пелистер кој лесно го совлада МЗТ Скопје 2, и МЗТ Скопје кој лесно славеше против Ангели. Во останатите натпревари Гостивар го доби натпреварот на колото против ТФТ, Работнички славеше убедливо против Академија ФМП, Кожув ја продолжи победничката низа со триумф над Куманово, а Еуро Никел стави крај на серијата порази со победа над Феникс 2010.
Место во идеалната петорка на колото имаше и два играчи на центарци, Пол Џексон и Недим Мустафица. Американецот натпреварот го заврши со 35 поени со реализација 10/11 за два и 8 асистенции, додека интернационалецот од БиХ броеше до 29 поени со 9/10 шут од поле на што додаде и 6 скока.
Ијасу Ворку повторно го осигура своето место во петорката на колото откако го предводеше Гостивар до победа над „црно-белите“ со дабл-дабл од 22 поени и 11 скока на кои додаде и 4 украдени топки. Андреј Настовски одигра фантастична партија проследена со 29 поени со само еден промашен обид од поле (9/10). Тука е и Обрад Томиќ кој во триумфот над новалијата забележа 23 поени, 13 скока и 5 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА