Екипа Топ 5: Идеална петорка на четвртото коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Четвртото коло од Првата лига ни донесе возбудливи натпревари по кои Феникс 2010 стигна до втората победа во сезоната совладувајќи го Ангели во дуелот на новлијиите. Победничката низа на МЗТ Скопје се искачи на три во низа, исто како и онаа на Гостивар кој славеше над Работнички.

ТФТ и Пелситер по четири одиграни кола остануваат со максимален учинок откако ги добија дуелите против МЗТ Скопје 2, односно Кожув на домашен терен.

Во иделаната петорка на колото место има за Ејасу Ворку, разигрувачот на гостиварци кој го предводеше својот тим со дабл-дабл учинок од 24 поени и 10 асистенции. Кошаркарот на Академија ФМП, Лука Стојановски беше еден клучните играчи во победата на „академиците“ над вицешампионот Еуро Никел со 16 поени, при што 21-годишникот имаше и забележлива партија во одбраната.

Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски повторно блескаше на паркетот, овој пат со 25 поени и реализација 5/7 зад линијата 6,75, а згора на тоа искусниот кошаркар додаде и 4 скока. Младиот бисер на македонската кошарка, Амар Хот беше еден од најдобите играчи во битката на новајлиите. 18-годишникот натпреварот го заврши со дабл-дабл од 13 поени и 13 скока од кои 9 во нападот.

Петорката на колото ја комплетира Бојан Трајковски. Центарот на „зелено-белите“ за само десет минути поминати на паркетот постигна 16 поени, а еден скок го делеше од дабл-дабл учинок. Притоа капитенот на репрезентацијата реализираше 4 од 5 обиди за три поени.

Се вчитува...