Екипа Топ 5: Идеална петорка на третото коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

По три одиграни кола во Првата лига три тима остануваат со перфектен учинок откако ТФТ, Пелистер и Работнички славеа над Куманово, Феникс 2010 и Ангели. МЗТ Скопје и Гостивар влегоа во победничка серија со триумфите над Еуро Никел и МЗТ Скопје 2, а до првата победа во сезоната стигна и Академија ФМП која славеше во Гевгелија против Кожув.

Во идеалната петорка на колото место имаше за младиот бек на центарци, Павел Данаиловски кој во триумфот над новалијата Ангели запиша 18 поени со реализација 7/10 од поле, 7 скока и 2 украдени топки. Покрај него место имаше и за центарот Милош Мацура кој додаде дабл-дабл учинок од 17 поени и 17 скока.

Бре Ајви имаше одлично деби на македонската прволигашка сцена со 28 поени (11/16 од поле) на кои даде и 7 скока за првата победа на „академиците“ во сезоната. Ландриус Хортон одново беше лидер на ТФТ, а Американецот во убедливата победа над Куманово забележа дабл-дабл учинок од 20 поени и 10 скока од кои пет во нападот.

Дамјан Стојановски го предводеше МЗТ Скопје во натпреварот на колото помеѓу минатогодишните финалисти со 18 поени, а репрезентативецот додаде и 5 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки.

Се вчитува...