Екипа Топ 5: Идеална петорка на второто коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Второто коло од Првата македонската кошаркарска лига ни ги потврди очекувањата за неизвесна и интересна сезона. На отварањето на колото, актуелниот шампион МЗТ Скопје стигна и до првата лигашка победа откако славеше на домашен терен против Кожув, а овој тренд го запишаа и Гостивар и МЗТ Скопје 2 кои славеа над Куманово, односно Ангели.

ТФТ со извонредно второ полувреме во мечот против Еуро Никел стигна и до втората победа во сезоната, а до триумфот број два стигнаа и Работнички кој по продолжение славеше во трилерот против новалијата Феникс 2010 и Пелистер кој беше подобар од Академија ФМП.

Во идеалната петорка на колото место има за бекот на гостиварци, Ејасу Ворку кој со 20 поени, 7 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки беше еден од лидерите на својот тим во „сино-белиот“ меч. Максим Митевски забележа одличен натпревар во победата во Кисела Вода со 18 поени и реализација 7/8 од поле дополнета со 4 скока и 3 асистенции.

Ландриус Хортон и во второто коло се најде во иделаната петорка откако Американецот на ТФТ блесна на паркетот со дабл-дабл од 23 поени и 15 скока. Одличен натпревар одигра и 18-годишниот Амар Хот кој во трилерот на Кале забележа 17 поени со реализација 8 од 10 од поле надополнета со 5 скока. А, петорката на колото е комплетирана со Кирил Николовски кој во натпреварот во Аеродром броеше до 29 постигнати поени и 4 скока.

Се вчитува...