ЕКИПА ТВ – МУНДИЈАЛ… Зоран Стратев: Хрватска и Белгија се во ритам, Роналдо е помотивиран од Меси

Светот во моментов е под впечатокот на фудбалската магија… Планетата го следи Мундијалот во Русија, а ЕКИПА ТВ ви ги пренесува очекувањата, анализите и предвидувањата и на македонските фудбалски личности околу 21. Светско првенство…

Зоран Стратев е денешниот гостин на ЕКИПА ТВ. За него Хрватска е репрезентацијата која покажа најмногу досега на Мундијалот, Германија и Бразил ќе се кренат, Белгија игра жесток фудбал, а фаворитите на крајот сепак ќе испливаат и ќе се борат за титулата на Светското првенство во Русија. Аргентина е најголемото разочарување, а Лионел Меси е премногу индиферентен, и помалку мотивиран од Кристијано Роналдо.

Се вчитува...