Ливерпул по пауза од пет натпревари (четири реми и еден пораз) конечно стигна до триумф во Премиер-лигата, и тоа на домашен терен против екипата на Њукасл со убедливи 4-1.
Избраниците на Арне Слот се мачеа да влезат во ритам, па дури и први се најдоа во негатива кога Гордон стрелаше прецизно во мрежата на Алисон Бекер. Сепак, тој момент ги разбуди „црвените“ кои експресно возвратија, Екитике стрелаше за 1-1 по извонредната асистенција на Вирц, а францускиот голгетер неколку минути подоцна повторно стрелаше прецизно крај голманот Поуп.
Њукасл немаше одговор, а доминацијата на Ливерпул беше крунисана и со трет гол, прв во второто полувреме, Вирц беше милиметарски прецизен сместувајќи ја топката во мрежата на асистенција на Мо Салах.
Конечните 4-1 беа дело на Конате, кој токму за овој меч се врати во тимот по смртта на неговиот татко минатата седмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

