Еклстон: Хамилтон веќе не е борец каков што беше порано

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон го критикуваше актуелниот шампион Луис Хамилтон велејќи дека сезонава не е тој стариот и дека морал во некои ситуации да реагира многу подобро.

Луис Хамилтон во моментов се наоѓа на второто место во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот зад лидерот Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул.

„Со неколку луѓе зборував околу оваа тема и мислам дека Луис веќе не е борец каков што беше порано. Има многу ситуации годинава каде требаше да биде подобар. Немаше никаква конкуренција, има одличен болид, а не вложува никаков труд. На почетокот на годината мислев дека ќе оди да го освои шампионатот и сезонава и на крајот да замине во пензија. Но, иако потпиша договор не сум сигурен дека ќе остане во Ф1“, изјави Еклстон. 

Се вчитува...