Еклстон: Путин е чесен и искрен човек

Долгогодишниот прв човек на Форума 1, Берни Еклстон за разлика од останатот свет застана во одбрана на Владимир Путин. Многумина го осудија лидерот на Русија за инвазијата на Украина, но 91-годишникот вели дека штом првиот човек на најголемата држава во светот се одлучил за таков потег има зошто.

Еклстон вели дека Владимир Путин е чесен и искрен човек кој секогаш стои зад својот збор, а откажувањето на спортските настани и донесувањето на забрани за настап на Руси во спортот нема да донесе промени.

„Путин е многу искрен и чесен човек. Секогаш го прави тоа што ќе го каже и тоа без никакви аргументи. Нема да има разлика дали ќе има трка во Русија или не. Претпоставувам дека за тоа одлучуваат луѓе кои се вклучени во ова што се случува, бидејќи други луѓе мислат дека тоа е најдоброто за Русија. Па како може некој друг да процени што навистина се случува во овој момент?“, вели Еклстон за „Тајмс Радио“.

Се вчитува...