Екс-фудбалерот на Реал Мадрид и поранешен репрезентативец, Хесе Родригез, иако одамна се изгуби од светската фудбалска сцена, сепак, во приватниот живот му оди неверојатно, па тој веќе чека шесто дете од четврта различна девојка.
Хесе има пет деца од три брака и сега е на пат да добие шесто, од четвртата аопруга, старлетата Росио Амар. Амар е трудна и според информациите од Шпанија, татко е Хесе, кој има две деца со Мелоди Сантана, едно со Аура Руиз и две со Жанира Барм, со која беше заедно до пред неколку месеци.
Хесе моментално е член на Лас Палмас, откако ПСЖ го избрка и му го раскина договорот, после аферата дека бил во врска со најдобра другарка на неговата актуелна девојка, па поради тоа парижаните решиле да ја прекинат соработката зашто му наштетил на угледот на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА