Екс играчот на Реал Мадрид почина како последици од сообраќајната несреќа

Познатиот колумбиски фудбалер Фреди Ринкон, почина во Кали од повредите од сообраќајната несреќа, соопштија од локалната болница. Некогашниот капитен на репрезентацијата на Колумбија, кој учествуваше на три Мундијали, во понеделникот имаше судар со мини бус на една раскрсница во Кали, минувајќи низ црвено светло.

Со него во автомобилот имало уште три лица, кои минале со лесни повреди.

Ринкон во минатото настапуваше за Реал Мадрид, а играше и во Наполи, Палмеирас и Коринтијанс.

Се вчитува...