Екс-капитенот на Реал отпадна од тимот на ПСЖ – Рамос го пропушта дуелот со „кралевите“

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос нема да биде подготвен да се соочи со својата поранешна екипа Реал Мадрид во рамките од осминафиналето во Лигата на шампионите.

ПСЖ ќе биде домаќин на првиот дуел на „Паркот на принцевите“. Последните тестирања покажаа дека одбранбениот играч нема да биде максимално подготвен за оваа средба.

Рамос тренира индивидуално и работи напорно на проблемите со коленото. Засега докторите не можат да потврдат точен период на отсуство на 35-годишникот.

Маурицио Покетино се надева дека Шпанецот ќе биде на располагање за реваншот во Мадрид.

Се вчитува...