Екс македонски младински репрезентативец на голот на Инголштад

Во новата година трансфер направи голманот со македонско потекло Дејан Стојановиќ, кој од Мидлсборо премина во германскиот второлигаш Инголштад. Тој дојде како позајмен до крајот на сезоната, со опција да го откупи договорот од англискиот тим.

„Доведовме искусен голман кој има квалитет и зрачи со позитивна енергија. Ја зголемивме конкуренцијата во екипата“, велат од тимот на Инголштад.

Стојановиќ во минатото беше дел од младинската репрезентација на Македонија, и одигра еден официјален натпревар. Тој во минатото беше во Германија, и беше дел од Сент Паули, а бранеше и за Сент Гален, Кротоне, Болоња како и австриски Луштенау. Тој има австриски пасош.

Во минатото беше во опција да го облече дресот на македонската репрезентација, но не се стекна со право затоа што не се откажа од австрискиот пасош, кој му требаше за да настапува како домашен фудбалер во Италија, Германија и Англија.

Се вчитува...