Поранешниот полски репрезентативец Еуген Полански, е именуван за нов тренер на екипата на Борусија Менхенгладбах. Полански, кој и своевремено беше играч на оваа екипа, седнува на клупата со мало тренерско искуство, односно во последните три години беше тренер на вториот тим на Борусија.
Тој потпиша договор до 2028 година, а во тимот од Менхенгладбах е од 2018 година, најпрво како тренер на младинските категории, а потоа и како тренер на вториот тим.
„Никогаш не сум криел дека еден ден сакам да го водам овој тим кој го чувствувам како свој. Со гордост ја прифаќа оваа позиција. Имам поддршка од тимскиот менаџмент и сум силно мотивиран да се ставам во функција на тимот“, изјави Полански.
Полански во минатото беше играч и на Мајнц, Хофенхајм и Гетафе. Мина и низ младинските селекции на Борусија Менхенгладбах, а интересно е тоа што пред да игра за сениорите на Полска, тој настапуваше за младинските селекции на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

