Русинот Дмитри Киселев, екс-ракометарот на Вардар е суспендиран од ЦСКА Москва откако паднал на допинг тест.
На ракометарот му било откриено во крвта дека користел кокаин, па сега три месеци ќе биде во аут. Киселев паднал на допинг-тестот на 14 мај на мечот на неговата ЦСКА Москва и Пермски Медведи.
„Концентрација на кокаин е пронајдена во допинг-тестот на ракометарот на руската репрезентација и на ЦСКА Москва, Дмитри Киселев, а укажувањата на спортистот се дека ја употребувал оваа супстанца после натпреварувачкиот период“, рекла Валерија Герман од руската анти-допинг агенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА