Екс-репрезентативецот Даниел Георгиевски на 33 години ја заврши фудбалската кариера!

Десниот бек Даниел Георгиевски кој беше дел и од националниот тим на Македонија, стави крај на својата играчка кариера. Тој оваа одлука ја донесе пред неколку дена, а ја соопшти денеска.

„До моето семејство, до фановите, до клубовите и тренерите. Ви благодарам! Дојде крајот на мојата фудбалска кариера!

Мојата кариера беше исполнета со настани, неверојатни достигнување, неверојатни спомени и падови. Со нетрпение го очекувам следното поглавје со моето семејство и пријателите“, напиша Георгиевски на „Фејсбук“.

Герогиевски одигра 22 натпревари за македонската селекција, а беше дел и од младинската репрезентација.

Беше дел од Динамо Загреб, Меѓимурје, Шибеник, со Стеауа Букурешт играш во Лигата на шампионите, потоа замина во Мелбурн Виктори, па во Њукасл Џетс, Вестерн Сиднеј Вондерерс и после во Мелбурн Сити.

Се вчитува...