Екс селекторот Џикиќ со пофалби за Ти-Џеј Шортс: Тој е неверојатен…

Финалето на ФИБА Лигата на Шампиони го одбележа средбата помеѓу екипата на поранешниот селектор на Македонија, Александар Џикиќ, Хапоел Ерусалим и секогашниот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, Бон.

На трофејот на крајот се радуваше бекот кој ги носи „црвено-жолтите“ бои, а натурализираниот Македонец сосема заслужено го освои и МВП признанието откако го заврши натпреварот како најдобар стрелец со 29 постигнати поени.

За Ти-Џеј Шортс тоа е трето МВП признание во сезоната откако претходно беше именуван за најкорисен играч на германското првенство и најкорисен играч на регуларниот дел од Лигата на Шампионите.

Џикиќ вели дека пораз во финалето нема да ја промени сликата за неговиот тим, ниту пак да го промени неговото мислење за неверојатната сезона, а имаше и пофални зборови за Македонецот.

„Еден натпревар не може да го промени моето мислење за екипата, ниту па да стави сенка на импресивната сезона која ја имавме, но јасно е дека останува жал за неосвоениот трофеј кој ќе беше наш втор во сезоната. Бон беше подобар, се избори со притисокот и заслужено е шампион.

Го имаат и Шортс, најкорисниот играч на регуларниот дел од сезоната и најкорисниот играч на финалето. Тој е неверојатен. Одигра импресивно во финалето како што играше и во целата сезона“, вели Џикиќ.

Се вчитува...