Екс-селекторот на Мексико е нов тренер на Мајорка

Екс-селекторот на Мексико, Хавиер Агире е промовиран во нов тренер на Мајорка. Агире доби задача да обезбеди опстанок во Ла Лига со клубот од Балеарските острови.

Агире, се врати во Ла Лига, во минатото бил тренер на Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Еспањол и Леганес. Овој 63-годишен тренер на клупата го наследи Луис Гарсија Пласа.

Мајорка не освои ниту еден бод на последните шест натпревари. Последната победа овој клуб ја забележал во февруари. На девет кола до крајот на првенството, Мајорка се наоѓа на 18.место со 26 бода.

Се вчитува...