Екс-тренерот на Бојан Миовски, Италијанецот Константино со емотивна честитка за македонскиот напаѓач (ФОТО)

Поранешниот тренер на Бојан Миовски во унгарски МТК, Италијанецот Џовани Костантино со емотивна порака го поздрави успехот на неговиот пулен

Миовски најдобриот свој период во кариерата го имаше токму под водство на Костантино кој МТК го напушти во октомври минатата година. По неговото заминување и назначувањето на новиот тренер МТК бележи катастрофални резултати, а зачудувачки за многумина во Унгарија, македонскиот репрезентативец Бојан Миовски добива малку шанса.

Константино, кој и самиот присуствал во четвртокот на „Ренцо Барбера“, сега признава дека се радувал на успехот на Миовски кој, токму кога не добива шанса во МТК, доби 30 минути игра од селекторот Милевски и асистираше на голот на Александар Трајковски.

„Во јуни минатата година се најдовме после лоша пролетна сезона и ти ми кажа ‘мојот сон е да бидам дел од националниот тим’. Ти реков: ‘Ќе направам се да ти помогнам да го реализираш твојот сон’ и ти потоа го имаше својот најдобар голгетерски период во животот, и сонот ти се реализира. Твојот прв настап во националниот дрес беше подарок за мене. Дури и сега кога ти асистираше на голот кој ја донесе најлошата ноќ за италијанскиот фудбал во историјата, беше вистинска гордост за мене да те видам тука вистински жив во фудбалот“ – напиша на социјалните мрежи Џовани Костантино.

Се вчитува...