Екс-вардарец е наследник на Лазаров во Нант

Нант денеска и дефинитивно го реши прашањето на позицијата десен бек, осигурувајќи потпис со играчот кој ќе го наследи нашиот Кире Лазаров по завршувањето на оваа сезона. Изборот на челниците на францускиот клуб падна врз шпанскиот репрезентативец Хорхе Макдеа, кој го стави својот потпис на двогодишниот договор со Нант.

За Македа овој трансфер претставува камбек во Нант, клуб чии бои ги бранеше во периодот од 2012 до 2015 година. Шпанскиот репрезентативец потоа со голем успех го носеше дресот на Вардар, тим со кој во 2017 година ја освои и Лигата на Шампионите. Македа потоа го носеше дресот на Сегед, по што се пресели во Веспрем, клуб каде ќе настапува до крајот на оваа сезона.

Шпанскиот десен бек е четвртото засилување на Нант за наредната сезона, по потписите со Иван Пешиќ, Каулди Одриозола и Виктор Халгримсон.

Се вчитува...