Екс-вардарката Лејно му кажува збогум на ракометот

Долгогодишната голманка на ЖРК Вардар, Амандин Лејно, на крајот од оваа сезона ќе ја заврши својата богата професионална кариера. Французинката која во мај ќе наполни 36 години го носеше дресот на Вардар во периодот од 2013 до 2018 година, таа неодамна се повлече од репрезентацијата, за сега да обелодени дека сезонава ќе биде нејзина последна во кариерата.

Лејно одлуката ја обелодени преку објава на официјалната веб-страница на нејзиниот клуб, унгарскиот гигант Ѓер.

„Ова ми е најтешката одлука што сум ја донела во животот, но мислам дека е вистинско време. Среќна сум што освоив олимписко злато во 2021, со Ѓер, најдобриот клуб во светот освоив се што можеше да се освои“, истакна Амандин Лејно.

Се вчитува...