Екс-вардарките Цвијиќ и Лекиќ ставија крај на репрезентативните кариери

Селекторот на ракометната репрезентација на Србија, Урош Брегар, објави дека екс-ракометарките на Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ се простија од репрезентацијата. Во неделата, Брегар го собра тимот пред квалификациските натпревари за Европското првенство, а отсуството на најискусните играчи беше забележливо.

Брегар нагласи дека националниот тим на Србија поминува низ промена на генерацијата, па најави дека ќе следува подмладување на својот тим.

„Сања Радосавjeвиќ се уште се опоравува од повредата, таа е на рехабилитација. Имав разговор со Андреа Лекиќ и таа рече дека повеќе нема да игра за националниот тим, се прости и Драгана Цвијиќ. Јелена Лавко се враќа откако се опорави од повредата, прашање на време е кога ќе се врати. Како што е веќе познато, Катарина Крпеш се прости од тимот поради своето семејство и ритамот на играње во Лигата на шампионите“, изјави селекторот.

Се вчитува...