„Експлозија“ во Мадрид: Нискиот Феликс со глава го матираше Де Хеа (ВИДЕО)

Жоао Феликс во 7. минута погоди во мрежата на Де Хеа за водство на Атлетико Мадрид. Ренан Лоди му сервираше одлична топка, а брзиот и низок Феликс меѓу високите Варан и Мегваер, со глава го најде патот до мрежата.

Де Хеа беше само гледач во оваа ситуација.

Атлетико одлично го почна мечот, со иницијатива и со еден изведен корнер, а дојде и тоа водство. Сега на потег е Јунајтед.

Се вчитува...