Експресно најдена замена за Вори – Владо Шола е нов тренер на РК Загреб

Игор Вори утрово заработи отказ од позицијата тренер на хрватскиот ракометен шампион Загреб, поради лошите резултати на стартот на новата сезона. Хрватскиот тим не чекаше многу за да ја договори неговата замена.

Нов тренер на Загреб ќе биде легендарниот поранешен голман Владо Шола. Шола беше еден од првите фаворити за оваа позиција, па затоа неговото назначување не е никакво изненадување. Тој пред потписот со Загреб беше без ангажман, бидејќи Пекинг Универзитет годинава нема да игра во СЕХА лигата.

Се уште не е познато кој ќе биде дел од стручниот штаб на Шола, а не се исклучува можноста дел од него да биде и актуелниот селектор на Хрватска, Лино Червар.

Се вчитува...