Екстра-гол на Велинов: „Пандевци“ го победија Младост Добој Какањ (1-0)

Фудбалерите на Академија Пандев стигнаа до нова победа во подготвителниот период, славејќи во Анталија против прволигашот од БиХ, Младост Добој Какања со 1-0.

Единствениот гол на дуелот беше дело на Стојанче Велинов кој постигна прекрасен погодок директно од слободен удар.

Стратегот Југослав Тренчовски денешниот дуел го почна со следниот состав: Чубраковиќ, Маневски, Јованов, Димов, Костов, Темелков, Томовски, Велинов, Мишов, Стојков, Крстовски. Во второто полувреме уште играа: Алчевски, Атанаскоски, Трајановски, Илиев, Стоилов, Иванов, Дориев, Николов, Иванов Васко, Коцев, Ивановски и Стојкоски.

Се вчитува...