Екстра засилување за Макаби Тел Авив

Американскиот плејмејкер, Лоренцо Браун е нов член на израелскиот кошаркарски клуб, Макаби Тел Авив. Американецот го напушти рускиот Уникс Казањ со кој минатата сезона настапуваше во Евролигата се до стартот на инвазијата на Русија над Украина.

Макаби летово веќе ги донесе Бонзи Колсон, Алекс Појтрес, Остин Холинс, Џош Ниб, Дарун Хилард и Гај Пнини.

 

Се вчитува...