Ел Хадади со одличен волеј и донесе победа на Севилја против Вест Хем (ВИДЕО)

Севилја ќе патува во Лондон за реванш дуелот од осминафиналето во Лига Европа со предност од 1-0 откако славеше во Шпанија во најинтересниот натпревар од второто по ранг европско фудбалско натпреварување благодарение на одличниот волеј на Мунир Ел Хадади.

Мароканецот во 60. минута по центаршут одлично се снајде во шестнаесетникот, а Ареола немаше одбрана за неговиот удар.

Се вчитува...