Ел Хадари испишува историја – највозрасен играч на мундијалите

Египет ги загуби шансите за пласман во осминафиналето од СП 2018, па селекторот Хектор Купер реши да му даде шанса на ветеранот Есам Ел-Хадари да испише мундијалска историја. Имено, Ел Хадари ќе стартува на голот на Египет на денешниот дуел со Саудиска Арабија, со што ќе стане највозрасен фудбалер во историјата на светските шампионати.

Тој ќе настапи на еден мундијалски меч на возраст од 45 години и 161 ден, надминувајќи го досегашниот рекордер, Колумбиецот Фреди Мондрагон, кој имаше мундијалски настап на 43-годишна возраст.

Ел Хадари својот прв репрезентативец настап го имаше во 1996 година, десет месеци пред да биде роден неговиот најмлад репрезентативен колегана овој мундијал, Рамадан Собхи.

Се вчитува...