„Ел Класико“ во Тексас: Барселона го растури Реал (ВИДЕО)

Браселона го растури Реал Мадрид победувајќи со 3-0 на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот на Далас каубојс во Тексас пред околу 80.000 навивачи.

Каталонскиот тим убедливо славеше во динимичен натпревар кој ги воодушеви американските љубители на фудбалот.

Дембеле во 15. минута донесе водство за Барселона, а потоа прилично долго се чекаше на вториот гол. Барса дури во финишот тотално ги скрши „кралевите“ со головите на Лопез во 85. минута, односно Феран во 91. минута.

Се вчитува...