Елче го оддалечи Бетис од ЛШ, Вилјареал ја совлада Валенсија (ВИДЕО)

Уште едно изненадување во шпанската Ла Лига се случи вечерва. По вчерашниот пораз на Барселона на домашен терен од Кадиз, Елче ја совлада екипата на Бетис на нејзин терен, и ја оддалечи од битката за место во Лигата на шампионите.

Тете Моренте во 82. минута го постигна голот за сензационална победа на гостите, кои со оваа победа и дефинитивно, се чини, го обезбедија опстанокот.

Во вториот меч, екипата на Вилјареал го совлада тимот на Валенсија со 2-0. Данјума беше херој на „жолтата подморница“ постигнувајќи два гола. Првиот во 10. минута, а вториот во 17. минута, кога беше решен победникот.

Се вчитува...