Елче тргна по Барди, испрати понуда до Леванте!?

Во битката за потпис на македонскиот репрезентативец Енис Барди се вклучува и шпанскиот прволигаш Елче, тим кој веќе испратил конкретна понуда до Леванте.

Претходно Олимпијакос покажа интерес но ништо конкретно, исто како и ДЦ Јунајтед, а дополнително се споменуваа Брентфорд и Торино.

Барди сака да остане да игра во Шпанија, каде веќе е пет години откако во јули 2017 година дојде во Леванте од Ујпешт за 1,5 милиони евра. Дали понудата на Елче ќе донесе пресврт, а Барди ќе остане во Ла Лига останува да се види во следните денови.

 

Се вчитува...