Елези потпиша за албански Скендербег

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Агон Елези својата кариера ја продолжува во албанскиот прволигаш Скендербег.

Албанскиот тим и официјално го промовираше Елези кој потпиша двегодишен договор.

Елези фудбалски потекнува од школата на Шкупи. Претходно во својата кариера настапуваше и за француски Каен како и за второлигашот Велазерими, од каде сега потпишува за Скендербег.

Се вчитува...