Елези: Сакаме да победуваме иако се ова контролни средби…

Македонските репрезентативци го одработеа и вториот тренинг по пристигнувањето во Анталија, како подготовка за претстојните контролни натпревари што нашата А селекција ќе ги одигра на 22 март со Молдавија и на 25 март со Црна Гора.

Националниот тим ќе се комплетира попладнево со пристигнувањето на Бојан Димоски, а меѓу фудбалерите владее одлична атмосфера и желба со позитивен резултат да се потврди добрата форма.

„Секогаш кога се игра за Македонија не само играта, туку и резултатот е многу важен, иако се работи за контролни натпревари. Тоа ќе ни даде дополнителен импулс и зголемување на самодовербата за следните натпревари. Се надевам и очекувам да ја задржиме позитивната атмосфера од последниот собир. Двата меча се одлична подготовка за предизвиците кои ни следуваат. Молдавија и Црна Гора се одлични селекции, ние имаме нова генерација и ни требаат вакви натпревари“, изјави Агон Елези, фудбалерот кој зимава направи трансфер во редовите на бундеслигашот Бохум.

Се вчитува...