Елиф, добредојде во Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас утре ќе го комплетира трансферот од Фенербахче во Наполи. Тоа го потврдија и двата клуба.

Турскиот клуб Фенербахче официјално му заблагодари за придонесот што го даде во црно-жолтиот дрес, а Наполи му посака добредојде. Елмас утре треба да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на петгодишен договор со Наполи.

Трансферот е вреден 16 милиони евра, плус два милиони евра како бонуси откако големиот талент ќе одигра 50 натпревари во дресот на Наполи. Тој ќе биде вториот Македонец после Горан Пандев што ќе го носи дресот на славниот италијански клуб каде своевремено играше Диего Марадона.

Се вчитува...