Елиф Елмас е играч на колото во Лигата на Европа!

Двата гола кои ги постигна против Лестер, со кои Наполи се пласираше во следната фаза од Лигата на Европа, го направија Елиф Елмас играч на колото во последниот круг во групната фаза во Лигата на Европа.

Елмас на стадионот „Диего Армандо Марадона“, постигна два гола со Премиер-лигашот, и со победата од 3-2, се пласираше во следната фаза.

Стигна и потврда од УЕФА дека Елмас е прогласен за „лауерат“ на последното коло во ова натпреварување.

Се вчитува...