Елиф Елмас, екстра засилување за Шкендија за настапите во ЛШ?

Најголемиот македонски фудбалски талент, Елиф Елмас, би можел да биде големо засилување на Шкендија за настапот во квалификациите на Лигата на шампионите. Тој минатото лето од Работнички направи мегатрансфер во турскиот гигант Фенербахче, но, сепак, не доби голема минутажа кај тренерот Ајкут Кочаман. Првиот дел од сезоната немаше право на настап, но и подоцна најчесто беше на клупата за резерви или пак играше за тимот на Фенербахче до 21 година.

Турскиот клуб најверојатно ќе го испрати Елиф Елмас на едногодишна позајмица следната сезона, а тој би можел да пристигне токму во редовите на Шкендија. За македонскиот „дијамант“ се заинтересирани и други големи европски клубови, Борусија Дортмунд, Андерлехт, ПСВ Ајндховен, но тие би сакале комплетно да го откупат талентираниот играч за врска.

Елмас во пролетниот дел од сезоната одигра вкупно 37 минути за сениорскиот тим на Фенербахче на четири натпревари во првенството, како и 285 минути на четири меча за У21 тимот на турскиот клуб.


Комерцијално видео

Се вчитува...