Елиф Елмас: Фенербахче, благодарам за се, секогаш ќе бидете во моето срце

Македонскиот мегаталент Елиф Елмас прави трансфер од Фенербахче во Наполи. Тој во вторник треба да се појави на медицински прегледи и да потпише петгодишен договор со италијанскиот калчолигаш. По денешниот последен тренинг во базата на Фенербахче, се збогува со клубот и со фановите.

„Благодарам за се, Фенербахче! Овој клуб и фановите секогаш ќе бидат во моето срце!“, објави Елиф Елмас на социјалните мрежи.

Се вчитува...