Елиф Елмас и Енис Барди меѓу фудбалерите со најголема вредност од Балканот

Србија и Хрватска имаат фудбалски репрезентации со најголема вредност во балканскиот регион, а нашите Елиф Елмас и Енис Барди се меѓу најскапите играчи од поранешните југословенски простори. Во анализата што ја објави Ал Џезира Балканс, а според податоците од Трансфермаркт, Елмас  и Барди влегуват во редот на фудбалерите со највисока вредност на Балканот.

Вредноста на репрезентацијата на Србија изнесува 287,7 милиони ев ра, а највреден играч е фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ кој се проценува на 65 милиони евра. Втора е Хрватска која има за нијанса помала вредност, 285,35 милони евра, а листата најскапи ја преводи Марсело Брозовиќ од Интер кој вреди 50 милиони евра.

На третата позиција е селекцијата на Босна и Херцеговна чиј највреден фудбалер е Миралем Пјаниќ од Јувентус, потоа на четвртата позиција е Словенија за која речиси целата вредност ја носи голманот на Атлетико Мардид, Јан Облак проценет на 100 милиони евра.

Македонската репрезентација е на шестата позиција во регионот по вредност. Ја предводи Елиф Елмас со 17 милиони евра, а потоа следува Енис Барди со 15 милиони евра. Третата позиција е за Езгјан Алиоски со вредност од 4,5 милиони евра, а во топ пет се и Илија Несторовски и Стефан Ристовски кои вредат по четири милиони евра.

Противникот на нашата селекција во полуфиналето од плејофот во Лигата на нации, селекцијата на Косово има за нијанса повреден национален тим. Составот според вредност го предводи Милот Рашица, играчот на Вердер чија вредност е 20 милиони евра.

 

 

 

Се вчитува...