Елиф Елмас ја „збудале“ Италија: Милан нуди 30 милиони за да го откупи од Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е можеби единствената светла точка во Наполи од стартот на сезоната. Големиот македонски талент фантастично се адаптираше на Серија А по доаѓањето од Фенербахче на стартот од сезоната и веќе е посакуван од другите клубови. Милан нуди 30 милиони евра за да го откупи неговиот договор од Наполи и да го доведе на „Сан Сиро“. Тоа е една од големите желби на раководниот тандем на „росонерите“, Паоло Малдини – Звонимир Бобан.

„Миланезите“ исто така се во фаза на реорганизација на тимот, сакаат да доведат млади и талентирани играчи кои подолг период ќе останат на „Сан Сиро“ и ќе го вратат сјајот на некогашниот европски шампион. Малдини и Бобан веќе ги отпочнале преговорите со Наполи, а официјалната понуда се очекува на адресата на Аурелио де Лаурентис да пристигне во пресрет на зимскиот преоден рок.

Елмас дојде во Наполи од Фенербахче за сума од 16 милиони евра ова лето и клубот од Неапол би можел да заработи двојно за само шест месеци доколку одлучи да го продаде македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...