Елиф Елмас меѓу 40-те најдобри млади фудбалери во светот

Одличните настапи на Елиф Елмас на стартот на авантурата во Наполи придонесоа уште подобар рејтинг на нашиот репрезентативец во светски рамки. Најдобар доказ за тоа е фактот дека Елмас се најде на списокот од 40 најдобри млади фудбалери во светот на  „Тутоспорт“, во трка за наградата „Златно Момче“ што традиционално ја доделува овој италијански весник.

Листата од 100 најдобри фудбалери традиционално се крати за по 20 играчи на секои десетина дена, а Елмас го мина и третиот „филтер“, па асот на Наполи е дел од самата елита кога станува збор за големите таленти на светскиот фудбал.

Главен фаворит за оваа награда е Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, кому конкуренти ќе му бидат Санчо од Борусија Дортмунд, Де Лихт од Јувентус, Клајверт од Рома…

Гласањето за „златно момче“ во светскиот фудбал, каде можете да го дадете својот глас за Елиф Елмас, се врши на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...