Елиф Елмас – „милионер“ – Борусија Дортмунд со астрономска понуда за македонскиот „дијамант“

Елиф Елмас е меѓу најатрактивните фудбалери на пазарот во јануарскиот преоден рок, откако македонскиот „дијамант“ со одличните настапи во дресот на Наполи го привлече вниманието на неколку екипи од врвните европски лиги.

Борусија Дортмунд е најактивна во преговорите за Елиф, по последните информации од Германија дека „милионерите„ подготвуваат понуда за веќе во јануари да го доведат Македонецот во своите редови. Според најновите информации, понудата за Елмас ќе биде „астрономска“, се со цел да се убеди Наполи уште во текот на зимава да даде зелено светло за заминување на македонскиот играч за врска.

Амбициозниот бундеслигаш веќе подолго време го следи македонскиот репрезентативец. Борусија имаше конкретна понуда уште при заминувањето на Елмас од Работнички, но „дијамантот“ тогаш го избра Фенербахче за следна дестинација во кариерата.

Неколку години подоцна, Борусија сега повторно се обидува да го осигура потписот на македонскиот „дијамант“, играч кој веднаш би добил и првотимски статус кај тренерот Марко Розе.

Се вчитува...