Елиф Елмас, најдобар репрезент на мак-фудбалот во странство

Елиф Елмас е добитник на наградата за најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство, на церемонијата што вечерва се одржа во организација на ФФМ. Асот на Наполи имаше година за паметење, одлични игри за Фенербахче, Наполи, но пред се за македонскиот национален тим, наметнувајќи се како еден од лидерите на „црвено-жолтите“ во атак на историски пласман на европскиот шампионат.

„Ова е моја трета година како сум дел од најдобрите. Среќен сум што ја добивам оваа награда, се надевам дека ќе ја оправдам со уште подобри изданија. Благодарение до ФФМ за укажаната доверба, би сакал на сите да им ги честитам празниците и да им посакам многу среќа и здравје во годината што следи“ – изјави Елмас.

Се вчитува...