Елиф Елмас: „Не знам која позиција на терен ми е омилена, уживам во секоја улога…“

Елиф Елмас ги полни италијанските и европските страници по двата погодоци за Наполи со кои го одведе својот тим во нокаут-фазата од Лигата на Европа следната година.

Наполи славеше со 3-2 против Лестер во одлучувачкиот меч од групната фаза, благодарение на двата погодоци на македонскиот репрезентативец кој не го криеше задоволството по големата победа.

„Среќен сум навистина за двата погодоци, но посреќен сум за пласманот понатаму во Лигата на Европа. Ова е добра ноќ за нас, а искрено се надевам дека понатаму ќе бидеме уште подобри. Ги исполнивме сите задачи на Спалети на терен, го направивме тоа што го побара од нас и победивме“ – истакна Елмас по мечот.

Елмас ги коментираше и позициите на кои игра, секогаш различно, безмалку на секој натпревар на Наполи.

„Сакам да го дадам на терен најдоброто од себе без разлика на која позиција играм. Јас само го правам тоа што тренерот ќе ми го каже и се обидувам да го дадам максимумот. Тешко е да се каже која позиција ми е омилена, затоа што јас едноставно уживам секогаш кога сум на терен“ – вели македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...