Елиф Елмас пристигна во кампот на Наполи (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва пристигна во кампот на Наполи во Димаро. Таму „наполитанците“ ќе се подготвуваат до 26.јули, а Елмас веќе од утре ќе му се стави на располагање на тренерот Карло Анчелоти. Токму искусниот стратег инсистираше на трансферот на Елмас во клубот од Неапол.

Елмас стави потпис на петгодишен договор со Наполи откако денеска ги мина медицинските тестови.

Се вчитува...