Македонскиот „дијамант“, Елиф Елмас беше најдобриот поединец во таборот на Наполи, во вчерашното реми без голови против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите.
Според оценките на најрелевантните европски медиуми Елмас потврди дека и тоа како Наполи треба да смета на него сезонава на сите фронта. По мечот во разговор за „Скај Спорт“, Елмас единствено жали што неговиот тим не постигна гол за заслужена победа на мечот.
„Одигравме добар натпревар според мене, но едноставно не успеавме да реализираме. Игравме тимски, создадовме шанси, но понекогаш мора да бидете поагресивни кога ќе влезете во таа трета зона. Штета што не постигнавме гол, но мислам дека сме на вистинскиот пат. Мора да продолжиме да играме вака и се надевам дека со ваква игра ќе дојдат головите“ – истакна македонскиот репрезентативец.
„Веднаш не чека натпревар со Каљари. За следните предизвици сигурно ни треба нешто повеќе. Како што реков, мора да постигнуваме голови, бидејќи головите го добиваат натпреварот. Реков дека мора да бидеме порешителни кога ќе влеземе во шеснаесетникот, мора да бидеме прецизни и исто така да се обидеме да шутираме повеќе. Навистина штета е што не постигнавме гол.“
Околу личниот ефект на натпреварот….
„Секогаш се обидувам да го дадам најдоброто од себе. Се чувствувам добро, во добра состојба сум, пристигнав подготвен, го чекам мојот момент, се надевам дека ќе добијам повеќе минути за игра, но сè зависи од тренерот. Достапен сум за сите позиции, се обидувам да го дадам најдоброто од себе. Денес не успеав да постигнам гол, но одиме напред. Конте рече дека новите играчи почнуваат веќе да му помагаат на тимот, а јас се обидувам да го завршам својот дел најдобро секогаш кога ќе добијам шанса“ – рече Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

