Елиф Елмас во дрим-тимот на најскапи млади фудбалери во Серија А

Елиф Елмас е едно од откровенијата на стартот од новата сезона во Калчо-лигата, па македонскиот репрезентативец сосема заслужено се најде во идеалниот тим на најскапи млади фудбалери во Серија А.

Фудбалерот на Наполи, проценет на 17 милиони евра, е избран за еден од организаторите на играта заедно со Тонали од Бреша и Заниоло од Рома. Во нападот од идеалниот тим се Куаме од Џенова и Леао од Милан, помогнати од Клајверт од Рома и Киеза од Фиорентина.

Најскап фудбалер во овој дрим-тим е Матијс де Лихт, проценет на 75 милиони евра, кому друштво во одбраната му прават Бастони од Интер и Милинковиќ од Фиорентина. За најдобар и најскап млад голман во Италија е избран чуварот на мрежата на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Се вчитува...