Елиф Елмас вреди 70 милиони евра – „дијамантот“ е во Топ 3 најскапи млади плејмејкери во светот

Меѓународниот центар за спортски студии денеска го објави најновото истражување со кое ги вреднуваше најдобрите млади фудбалери во светот, меѓу кои се најде место и за Елиф Елмас.

Истражувањето се однесува на фудбалери до 23-годишна возраст во најсилните лиги во светот, а „македонскиот дијамант“ се најде во него како дел од елитата на плејмејкерската позиција. Број еден според ова истражување е Џуд Белингам од Борусија Дортмунд проценет на 120 милиони евра. Веднаш зад него со проценка на вредност од 70 милиони евра се наоѓаат Елмас заедно со Деклан Рајс од Вест Хем и со Куртис Џонс од Ливерпул.

Највредни очекувано се напаѓачите, па така Халанд, Винисиус и Фил Фоден се проценети на по 150 милиони евра како дел од ова истражување. Кај дефанзивците на врвот се наоѓаат Ерик Гарсија од Барселона и Јошко Гвардиол од Лајпциг со по 80 милиони евра, десет милиони повеќе од Матијс де Лихт.

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е највреден бек со проценка од 120 милиони евра, додека на врвот на листата на највредни млади  голмани во европскиот фудбал е Донарума од ПСЖ со 80 милиони евра, пред Мелие од Лидс со 40 милиони евра.

Се вчитува...